Петровска: Директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење


Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија ги повика сите засегнати, како и сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор, се вели во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

Таа ја коментираше пракса на ДПМНЕ за наводното следење кога биле во опозиција и ја критикуваше нивната блокадата за декласификацијата на документите.

„Зошто не дозволивте да се декласифицираат документите кои се наводно дел од следењето, каде што може да се прочита целата содржина? Може ли вака да се договориме: ако не сакате да ги декласифицираме документите, бидејќи на комисијата ѝ беше попречен надзорот, дали се согласувате сите ние во Собранието секој што бил предмет на следење според закон, значи сите што излегоа во јавност, вклучувајќи ги сите директори на АНБ, вклучително и сегашниот директор, да подлежат на полиграфско тестирање пред комисијата за надзор?“, истакна Петровска во дебатата на Канал 5 телевизија.

СДСМ Центар за комуникации

Back to top button
Close