Петровска до Чулев: Лицемерно и неодговорно е да бегаш од ТВ дуели, а да се правдаш преку Фејсбук

Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси.

Македонската јавност и македонската полиција заслужуваат повеќе од ФБ пост или нарачани интервјуа.

Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание!!! И Министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше.

Директорот на БЈБ испраќа телеграми кои твоите началници ги кријат во фиока.

Бројот на заболени е резултат на колебливоста и обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност.

Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите.

Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас.

И да, не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа.

Фејсбук статус на Славјанка Петровска, дополнителна заменик министерка за внатрешни работи

Back to top button
Close