Петровска: Министерството за одбрана изработува Политика за стратегиски комуникации

Северна Македонија прави значајни чекори напред во сферата на стратегиските комуникации. Во финална фаза на донесување е Политиката за стратегиски комуникации која ги поставува основите што за нас значат стратегиските комуникации и нашата цел – да бидеме максимално транспарентни, информира министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот бирифинг со новинарите, посветен на НАТО Конференцијата за комуникатори која ќе се реализира следната недела во Скопје.

– Со овој документ, кој е комплементарен на НАТО Политиката за стратегиски комуникации, ги дефинираме и учесниците во овој процес, нивната меѓуповрзаност и нивните одговорности. За нас како НАТО Алијанса е исклучително важно да го разбереме местото на стратегиските комуникации во одбраната и да создадеме систем кој ќе овозможи овие стратегиски комуникации да бидат ефикасни и ефективни, рече Петровска.

Министерката посочи дека нашата заедничка цел како Алијанса е – навремена, точна комуникација за мисијата и целите на сојузниците.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close