Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за ИЕ6, Славјанка Петровска во Тетово денеска го посети зелениот пазар каде во разговор со тамошните продавачи ги најави и мерките кои се предвидуваат за унапредување во состојбите во земјоделството.

„Во новиот мандат предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците. За над 50 проценти ги зголемуваме грантовите за младите земјоделци и жените земјоделки. Веќе во првата година од мандатот го градиме и пуштаме во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар во Скопје, а потоа и следните во Струмица и Ресен, истакна Петровска.

Таа посочи дека нивна заложба е обезбедување на зголемено домашно производство на храна, сигурен пласман и подобри услови за работа на македонските земјоделци

Back to top button
Close