Петровска: Решението за професионалните војници со навршени 45 години е во измените на Законот за служба во Армијата, овој закон една година е блокиран од опозицијата

Решението за професионалните војници со навршени 45 години е во измените на Законот за служба во Армијата – секој од нив ќе може да избере отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, што е сума од околу 25.000 евра за нов почеток. Овој закон една година е блокиран од опозицијата, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук.

Информира дека имала средба со Синдикатот на професионалните војници и доколку опозицијата продолжи да блокира, ќе предложи ново решение.

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и  распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ.

Тие најавија дека доколку не се исполнуваат нивните барање, по две недели пред Владата ќе постават шатори

Back to top button
Close