Петровска се сретна со Ескобар

Министерката за одбрана Славјанка Петровска која учествува на Делфу форумот во Грција, на нејзиниот фејбук профил објави дека имала средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски работи во американскиот Стејт департмент.

– Благодарни сме за континуираната и конзистентна поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Македонија. Членството на во НАТО се покажа дека е вистинска одлука во вистинско време, а во денешните несигурни времиња тоа ја зацврсти регионалната стабилност и безбедност и ја намали можноста од прелевање на нестабилноста во Западниот Балкан, објави министерката Петровска.

Back to top button
Close