Петровска со порака за роденденот на СДСМ: Ако не се промениме, ќе исчезнеме и затоа час поскоро да започнеме со трансформација!

Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, нагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена.

Promoted Content
Направено 4 пати – колената и зглобовите не болат веќе 9 години
More…
392
98
131
Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки, објави 4news.mk Таа ја истакна важноста на партијата како инклузивна сила која ги спојува различностите, но не ја премолчи потребата од саморефлексија.

„Сме губеле, сме победувале, но секогаш сме се менувале – на подобро, се разбира. Промената на подобро е неопходна и суштинска за да може да успееме, за да победиме, за Македонија“, пишува Петровска.

Пратеничката упати и директно предупредување до сопартијците, нагласувајќи дека сегашниот момент бара храброст за внатрешни реформи.

„Ако не се промениме, ќе исчезнеме. Затоа, час поскоро мора да започнеме со трансформација“, децидна е таа во својот статус.

Честитајќи го роденденот на партијата, Петровска порача дека симболите на СДСМ – розата и тупаницата – и понатаму носат порака за подобро утре, но само доколку партијата покаже капацитет за суштинско менување.

.

Славјанка Петровска

2 hours ago

35 години, не се само бројка. СДСМ не се само четири букви. Тоа се многу повеќе, многу поважно.

СДСМ е идеологија, илјадници животни приказни, бројни државнички одлуки, креирање добри политики и нивно спроведување, идеологија која спојува различности и почитува поинакви.

СДСМ е многу повеќе од статистика и празни фразни.

See more

 

Back to top button
Close