Петровска: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја платат високата цена на манипулациите поврзани со промената на името

„Можеби не се свесни или ќе станат свесни, но ВМРО-ДПМНЕ ќе ја плати високата цена на манипулациите со пароли како ‘Никогаш Северна’. Успеаја нивното членство да го вратат назад и да ветат дека тие никогаш нема да го користат зборот ‘Северна’. Сега негираат, но имаа ветувања дека ќе го променат името, ќе го поништат Преспанскиот договор“, рече Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ во интервју на Слободен печат.

Таа додаде дека по промената на името следеле процеси кои не се поврзани со самиот процес, односно политички манипулации.

„Дали вредеше промената на името и преименувањето во Република Северна Македонија на сметка на нашето членство во Алијансата, тврдам дека да, затоа што за мене тоа е најмудрата и најголемата инвестиција која е направена за оваа држава“ рече Петровска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ успеале да го наметнат како тема за предавништво или патриотизам и самите да се постават како патриоти, несвесни за последиците од таквите поделби на општеството

Back to top button
Close