Петровска: ВМРО-ДПМНЕ се однесува како да немало кривично дело на 27 април

ВМРО ДПМНЕ се однесува како да немало кривично дело на 27 април, па тие тргнаа да убиваат и како тоа може да биде политички прогон, вели пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

-Јас бев внатре во парламентот и знам што се случи. Кривичниот законик го одреди нивното кривично дело, тие се обидоа да спречат избор на претседател на собранието и потоа да се избере и легитимна влада – посочи Петровска на Телма.

Според неа, кога се случува напад врз парламентот и атак врз пратеници, тоа не може да помине неказнето.

-Факт дека ВМРО ДПМНЕ не е реформирано. Дел од тие луѓе кои учесвствувале во насилството или спречиле полицијата да делува на 27 април сакаа да ги стават на функција во широката влада, кога јас бев во МВР – истакна Петровска.

Back to top button
Close