Петровска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО и средби со министри на сојузничките земји

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана.

Во текот на денешниот ден, министерката ќе учествува на два состаноци во овој формат, посветени на основната цел на НАТО, одбраната и одвраќањето, како и на учеството во мисии и операции на Алијансата.

Петровска, како што најавија од Министерството за одбрана, во НАТО ќе разговара и со повеќе нејзини колеги од земјите – членки.

Во седиштето на НАТО, министерката Петровска во текот на вчерашниот ден учествуваше на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато истурено присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт – групата за Украина, а имаше и средба со португалската министерка за одбрана, Хелена Кареирас.

Back to top button
Close