Петрушевски: Дали Заев зел 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово?

СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев зел 4 милиони евра од Миодраг Давидовиќ-Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра. Додека СДС и Филипче молчат, на јавноста сè повеќе ѝ станува јасно како Заев менуваше детаљни урбанистички планови само за да им удоволат на проруски бизнисмени како Дака, рече на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дака јасно кажува дека спремен бил да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак, кој тој ја купува по багателна цена, за да прерасне во бетонска џунгла од над 2 илјади станбени единици, наведува во соопштение ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално.

Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев уште на старт би му припаднале 4 милиони евра.

СДС, Заев и Филипче на јавноста ѝ должат одговори каде завршиле овие 4 милиони евра? Дали се инвестирани во недвижнини во Дубаи, акции во индиски авиокомпании или, пак, за вложување во бизниси во Бугарија?

ЈО ова мора да го истражи за правдата да биде задоволена.

 

Back to top button
Close