Петрушевски: МВР предаде обемна документација за Кочани уште пред еден месец, Обвинителството да постапи за секого за кого постои сомнеж за вина
Сите преземени акции од Обвинителството досега, сега и отсега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедило МВР. Министерството предаде обемна документација во Обвинителството и никој не е поштеден. Задача на Обвинителството е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беа уапсени 13 полицајци и полициски функционери кои биле на функција или на должност вечерта на 16 март кога се случи пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани
Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и сè е опфатено во документацијата – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, откако вчера беа уапсени 13 полицајци и полициски функционери кои биле на функција или на должност вечерта на 16 март кога се случи пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Петрушевски рече дека Министерството за внатрешни работи (МВР) доставило обемна документација до Јавното обвинителство во врска со случајот со Кочани уште пред еден месец, а сега, како што вели, Обвинителството има задача да постапи врз основа на таа документација и да постапи за секого за кого смета дека има вина.
„Сите преземени акции од Обвинителството досега, сега и отсега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедило МВР. Министерството предаде обемна документација во Обвинителството и никој не е поштеден. Задача на Обвинителството е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани“,
рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.Ги оцени за лаги и манипулации тврдењата на СДСМ дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата.
„Колку лица беа опфатени во истрагата за модуларната болница? Нула. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? Нула. Тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДС беше на власт. Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за Обвинителството, а Обвинителството е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот. Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на Јавното обвинителство“,додаде Петрушевски.