Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конферецнија.

 

ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер, односно 1,8 милиони денари?

И СДС и Филипче молчат и не се оградуваат од криминалните афери на своите членови. Еден ден е Богац, еден ден е поранешен градоначалник на општина, друг ден е член на ИО на СДС, трет ден цели фамилии, браќа, братучеди, кланови.

Од Филипче и СДС никаква осуда. Колку пари требал да земе Богац за Филипче да го смета ова за криминал? Дали можеби 20% како што Филипче зема за модуларната?

Ова е СДС матрица на дело. Граѓаните мора да го увидат нивниот начин на владеење за никогаш повторно да не ни се случи.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close