Петстотини педесет и еден корисник ја искористил акцијата за плаќање на сметките за вода на рати и без камата

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека акцијата за наплата на долговите на рати и без камата за физички и правни лица, која се спроведуваше од 17 јуни до 31 јули 2020 година, ја искористиле 551 корисник и се потпишале исто толку договори.

Од јавното претпријатие наведуваат дека вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари.

Апелираат до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.

Див водоводен приклучок и злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем, граѓаните ќе може да пријавуваат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

– 02 3240 300, Дирекција – [email protected]

www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close