Петте најпродавани автомобили на сите времиња, меѓу кои има два јапонски, два германски и еден американски модел
Според „Автомагазин“, „хонда цивик“ успешно ги освојува купувачите во светот од 1972 година. Познат е како економичен, сигурен и пријатен за возење, а се нуди во многу верзии – од основните градски модели до спортските „тип Р“. Со продажба поголема од 24 милиони примероци „цивик“ се смета за еден од класичните модели во автомобилската индустрија. Со тоа го зазема петтото место на најпродаван автомобил во светот од Јапонија

Четвртото место му припадна на „фолксваген буба“ – Германија (Volkswagen Beetle).
Возилото е икона меѓу класичните автомобили. Од почетокот на производството во 1938 до крајот на 2003 година се произведени 21,5 милион примероци. Со едноставна технологија, издржливост и препознатлив облик „бубата“ стана светски култен автомобил кој и ден-денес освојува симпатии кај љубителите на класичните возила.
Едно место подолу е за „фолксваген голф“ – Германија (Volkswagen Golf).
Голфот се појави на патиштата во 1974 година како наследник на легендарната „буба“. Со разновидност, широк избор на верзии и континуирани технолошки подобрувања стана мерило во европската компактна класа. До денес се продадени над 35 милиони примероци.
На второ место се најде „форд Ф-серија“ – САД (Ford F-Series).
Овој модел доминира на американскиот пазар од 1948 година. Станува збор за серија лесни камионети и пикап-возила, каде што моделот „Ф-150“ стана симбол на американскиот начин на живеење. Со продажба од над 40 милиони примероци ова е најпродаваното возило во САД и еден од најголемите светски успеси.
Шампионското место ѝ припадна на „тојота корола“ – Јапонија (Toyota Corolla).
Автомобилот е продаван во повеќе од 50 милиони примероци од 1966 година. Синоним за практичност, лесно одржување и издржливост – „королата“ е светски рекордер по продажба и е омилен избор на милиони возачи во светот.






