Пезешкијан: Иран ја отфрли можноста за директни преговори со САД, но останува отворен патот за индиректни преговори


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска дека Техеран ја отфрлил можноста за директни преговори со САД како одговор на писмото од американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарната програма на Исламската Република што брзо се развива, пренесоа агенциите.

„Иако во овој одговор беше отфрлена можноста за директни преговори меѓу двете страни, беше истакнато дека патот за индиректни преговори останува отворен“, рече Пезешкијан.

Забелешките на претседателот претставуваат прва официјална информација за начинот на кој Иран одговорил на писмото на Трамп. Тие исто така сугерираат дека тензиите меѓу Техеран и Вашингтон би можеле да продолжат да растат. Сепак, не е јасно дали Трамп би прифатил индиректни преговори. Индиректните преговори, кои траат со години, откако Трамп во 2018 година ја повлече Америка од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, беа неуспешни, забележуваат агенциите.

Back to top button
Close