Пезешкијан: Не успеа намерата американско-израелските напади да прoшират несигурност во Иран

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека целта на американско-израелските напади врз Иран беше „ширење несигурност во земјата преку поддршка на терористичките групи“, додавајќи дека тие не успеале во тоа.

За време на состанокот со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, Пезешкијан исто така рече дека овие планови не успеале благодарение на „соработката и одговорноста на соседите на Иран да спречат каква било злоупотреба на нивната територија против Техеран“, објави Фарс.

Тој додаде дека тоа е вреден и чин за пофалба.

Истовремено, иранскиот претседател им се заблагодари на Пакистан, Ирак и Авганистан „што не дозволија никаква акција против Иран од нивна територија“, објави агенцијата Фарс.

Back to top button
Close