Пијан охриѓанец (79) удри во шест паркирани возила, па избега

Жител на охридското село Коњско (79) е уапсен откако под дејство на алкохол предизвика сообраќајна незгода во Охрид, при што оштети шест паркирани возила.

Како што информира МВР, вчера попладне околу 12:20 часот полициски службеници на улицата „Питу Гули“ го привеле К.Р. (79), кој претходно на булеварот „Туристичка“, управувајќи „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удрил во шест паркирани патнички возила.

По незгодата, возачот не застанал на местото на настанот, туку продолжил да се движи, но набргу бил пронајден од полициските службеници.

При извршеното алкотестирање кај него биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта, по што бил приведен во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close