Пијан скопјанец со тротинет влетал во луѓе што протестирале во општина Аеродром

На 06.09.2025 во 19:10 часот во Скопје, на подрачјето на Општина Аеродром, полициски службеници го привеле К.Р.(31) од Скопје, поради тоа што го нарушил јавниот ред и мир со тоа што управувајќи тротинет, не застанал на даден знак од полициски службеници и влетал во група на луѓе, кои присуствувале на протест.

При извршен алкотест, било констатирано дека К.Р. е под дејство на алкохол, односно имал 1,53 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close