Пијан тетовец возел во спротивна насока, полицијата го приведе
Четириесет и седумгодишниот Д.М. од тетовското село Камењане ноќеска бил приведен во полициска станица поради тоа што возел во спротивна насока и под дејство на алкохол.

Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“






