Пиксел ГРУП и германска компанија во нов заеднички потфат

 

Во слободната индустриска зона во Тетово ќе се отвори нова фабрика за производство на фотоволтаични панели. Компанијата АЕ-СОЛАР од Германија е сопственик на 60% од уделот, додека другите 40% потпаѓаат на Пиксел ГРУП од Македонија.

Фабриката ќе се протега на 50.000 квадратни метри. Производството е целосно автоматизирано, а предвидени се 200 вработувања.

 

Панелите кои ќе се произведуваат се Мулти-џанкшн (multi-junction), најнова технологија со 23% ефективност. Капацитетот на производство на панелите е 1GW/h.

Извршни директори се Илко Јоцев, претставник на германскиот инвеститор и Горан Паунов, сопственик на Пиксел ГРУП. Претседател на бордот на директори е др. Илија Насов.

Производството треба да започне во март следната година.

Back to top button
Close