Пинк сака да ја плати казната за ракометарките кои одбија да играат во бикини (ФОТО)

Норвешката женска репрезентација во ракомет не треба да се грижи за плаќањето на паричната казна поради одбивањето да носат бикини на натпреварот од Европското првенство, бидејќи се чини дека за тоа ќе се погрижи американската пејачка Пинк (41).

Пинк на својот Твитер објави дека е многу горда на ракометарките и ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам кон ракометарките.

 

„Јас сум многу горда на норвешките ракометарки поради нивниот протест против многу сексистичкото правило за облека. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Со задоволство ќе ги платам казните за вас, дами. Само напред“, порачала Пинк на Твитер и воодушевила многумина.

Исто така, Пинк ги ретвитнала и овие зборови:

„Кога мажите играат, тие носат маици и долги шорцеви, но од жените се бара да носат бикини! Тоа е сексистички. Или оставете ги жените да носат исто како и мажите или нека и мажите играат во гаќички.“

Потсетуваме, Норвежанките беа казнети со 150 евра по играч, што е вкупно 1.500 евра, за неносење соодветна облека, односно, долниот дел од бикини.

Back to top button
Close