Пиоли: Добро ја прочитавме играта на Интер

Росонерите победија во миланското дерби со 3:2.
– Натпреварот беше важен. Противниците сакаа да не победат, но ние игравме како одлична екипа 70 минути. Потоа се опуштивме. Имам извонредни играчи кои имаат огромна енергија. Среќен сум. Добро ја прочитавме играта. Не силувавме. Ми се допаѓа кога тимот игра зрело. На секоја топка пристапивме со вистинскиот жар. За нашиот двоен стрелец Леао ќе кажам дека за да се развиеш треба да имаш талент и интелигенција. Рафа ги има двете карактеристики. На младите треба да им се даде време да грешат и да учат. Тој е важно оружје за тимот, истакна Пиоли.
По пет одиграни средби во Серија А, Милаен е на делба на првото место со Наполи со по 11 бодови, интер е шести со девет бода.






