Пиротехнички средства биле употребени на веселба во Кавадарци, во Неготино возило напуштило лице место по сообраќајка

Пиротехнички средства биле употребени на веселба во Кавадарци, во Неготино возило напуштило лице место по сообраќајка, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 14:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на семејна веселба во Кавадарци биле употребени пиротехнички средства. По преземени мерки, било констатирано дека пиротехничките средства биле употребени од Д.Д.(37) од Кавадарци. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18:40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале возило кое го напуштило местото, малолетен пешак и патничко возило „ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од Неготино. Во несреќата со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за негово расчистување.

Back to top button
Close