Пировска за бегството за Мијалков: Ако физички бил следен, како одеднаш исчезнал?

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, коментирајќи го бегството на Сашо Мијалков, во вечерашното гостување на емисијата „360 степени“ вели дека институциите должат многу одговори на јавноста околу скандалот.

Ако имало физичко следење, тој не можел да изчезне одеднаш. Затоа сметам дека треба да се даде објаснување за овие работи. Како може личен извор на Русковска да има подобри информации од АНБ? Тоа е многу чудно… Кога се случи бегството на Груевски ги имавме истите забелешки, дека не беше доволно следен и да има ризик од бегство и сега повторно се случува исто. Зборуваат за некаков визуелен контакт, мислам, ова е смешно. Доколку сега не се утврди одговорност, тука треба да сноси одговорност тој што требал да преземе, да даде одредба за овие дејствија. Јас тука пропустите ги гледам кај Обвинителството, зошто не се поднел порано предлогот за притворот?“, кажа Пировска.

Back to top button
Close