Писмо од мајка до ќерката, чиј живот згасна во пожарот во Кочани: „Љубовта не умира, ќерко. Живее, во мене, во сите што те сакаа и ќе те сакаат засекогаш…“

„Барем да те гушнев уште еднаш, барем да ти кажев колку те сакам —не само еднаш, туку илјада пати“ – пишува во емотивното писмо Стојка Иванова Антова, која на 16-ти март во дискотеката „Пулс“ во Кочани остана без својата ќерка Ивона Антова.

-Ќерко моја, Ивона,ќе ти пишувам, иако те нема. Ќе ти зборувам како некогаш — со тивок глас, со треперлива душа, како кога спиеше покрај мене,
а јас те гледав и си велев:
„Благодарност е што те имам.“

Зошто замина прерано, душо?
Зошто не ми кажа: „Ќе одам“?
Барем да те гушнев уште еднаш,барем да ти кажев колку те сакам —не само еднаш, туку илјада пати.

Сега само сликите ме гушкаат,песните што ги пееше ми ѕвончат низ тишината,а планините… тие сè уште ја носат твојата сила. Секој врв е твоја победа, секој цвет покрај патот е твоја насмевка.

Се сеќавам, Ивона, на денот кога првпат рече „Ќе бидам моден креатор“.
Со тие очи што сјаеја како ѕвезди,со срце што никогаш не одбиваше никого.

Керко, ми недостигаш.
Недостига твојот мирис, твојата коса,начинот на кој велеше „Мамо, не грижи се“ или „Тато, ќе биде сè во ред“.

Сега јас зборувам со ѕвездите.Гледам во небото и велам: „Онаа најсјајната – таа е мојата Ивона.“

Те носам во секој здив, во секоја солза, во секое утро и секоја ноќ.
Љубовта не умира, керко.Таа живее,
во мене, во сите што те сакаа,и ќе те сакаат…
засекогаш.
16.03.2025 НЕПРЕБОЛ 🖤😭♾️🦂

 

Back to top button
Close