Писториус: Конфликтот со Иран не е европска војна

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека војната со Иран не е европска војна и оти Европа не ја почнала војната.
– Што очекува Доналд Трамп од неколку или две европски фрегати да направат во Ормуски Теснец, што моќната американска морнарица не може да го направи, истакна Писториус реагирајќи на изјавата на Трамп дека отсуството на помош за Вашингтон може да има последици по НАТО.
Претходно, портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус изјави дека судирот на САД и Израел со Иран не е поврзан со НАТО и оти Германија не планира да биде вовлечена во истиот.
– Ниту САД ниту Израел не нè консултираа пред војната, а Вашингтон на самиот почеток од војната децидно наведе дека европската помош ниту му е потребна ниту пожелна, посочи Корнелиус.






