Питер Соренсен презентира работен план за Белград и Приштина за тоа што треба да направат во наредните месеци


Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска објави дека презентирал работен план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во наредните месеци на одделни состаноци со главните преговарачи.

Средбите се одржаа во Брисел, на ниво на главните преговарачи Агрон Бајрами и Петар Петковиќ, објави Соренсен на X.

Соренсен додаде дека оваа недела во Брисел одржал одделни и детални состаноци со двајцата главни преговарачи со цел да презентира работен план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија во наредните месеци.

Back to top button
Close