Питер Стано: Неточни шпекулации дека утре ќе биде претставен нацрт договор за српско признавање на Косово

 Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Питер Стано изјави денеска дека не се точни шпекулациите во медиумите дека ќе биде презентиран нацрт-договор на состанокот на претставниците на Белград и Приштина во Брисел, според кој се очекува Србија да ја признае независноста на Косово.

„Наше правило не е да  коментираме шпекулации во медиумите. Но, во конкретниот случај, би сакал експлицитно да ги отфрлам шпекулации за утрешната средба на експерти и темите на таа средба. Откако дијалогот се обновува на највисоко ниво, продолжува серија состаноци на експертско ниво. што е дел од тековниот процес. Утрешната агенда ќе вклучува прашања на раселените лица и економска соработка “, наведува Стано во писмената изјава за „Глас на Америка “.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека би било „изненадување“ на белградската делегација да му биде претставен документ во Брисел, кој, според белградски медиуми, подразбира признавање на Србија на Косово, и оцени дека нема заедничка акција САД-ЕУ кога станува збор за дијалогот.

Според дипломатски извори, Вечерње новости денеска објавија дека белградската делегација, која в четврток ќе отпатува на разговори со Мирослав Лајчак и претставници на приштинските институции во седиштето на ЕУ, ќе им биде предаден нацрт-сеопфатен договор што подразбира де факто признавање на Косово од страна на Србија, јави Бета.

Back to top button
Close