Пивоваров: Давање и примање мито се посебни кривични дела – укажуваат на корупција

Еден технички момент никогаш нема да го сфатам, кој вели дека камерата ќе се вклучи во тој момент кога ќе процени полицискиот службеник. Впрочем си поставувам прашање дали во случајот што го видовме од истражувачките новинари на Албанија дали во тој момент би ја вклучил некој камерата од полициски службеници кога зема мито. Апсолутно не, народски кажано крадецот никогаш нема да документира. Давањето мито и примањето мито се посебни кривични дела. Сите укажуваат на корупција.

Во таква ситуација немате ниту една пријава за нудење на мито на службено лице на граничен премин. Суштината на автобуската несреќа е тоа што царинските службеници со закон се должни за превоз на патници во јавниот сообраќај, се должни да побараат соодветна документација, но таа документација како што сум информиран, царинскиот службеник не бил во можност да ја провери, затоа што во 2016. година проектот од ИПА 2 програмата за електронско вмрежување на сите институции кои се дел од информативниот центар, а тоа се 9 министерства и 5 дирекции кога тој проект би бил завршен, во таа ситуација царинскиот службеник би можел да влезе во база на Министерство за транспорт и врски и да провери дали тој приложил документ, фиктивен или е валиден. Тоа се илјадници случаи кои се случувале на граничниот премин години наназад Тие луѓе немаат добиено дозвола за транспорт во меѓународен транспорт и сериозни проблеми имаме“- вели Владимир Пивоваров – национален координатор за гранично управување за Студио 10 на тв24.

Back to top button
Close