Плафонот кој падна во бањата на шпанската спортистка во скопски хотел е поради пукната цевка

Спортистка од Шпанија, која престојува во земјава како дел од Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), на ТикТок објави видео што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Објави снимка од сместувањето во скопски хотел, на која се гледа како голем дел од плоча од спуштениот плафон во бањата паднал, а остана дупка на таванот.

„Нормално дека ги мониторираме сите случки кои што се случуваат. Покрај сите убави има и по некоја неубава. Се работи за пукната цевка во еден познат скопски хотел со четири ѕвездички“ изјави денеска претседателот на МОК, Даниел Димевски.

Димевски рече дека намокрен бил плафонот и таблата од гипс картон паднала во бањата од хотелската соба.

„Истиот проблем е саниран истиот ден и не претставува тема веќе денеска“ рече Димевски

Back to top button
Close