Плакета „Даница Ручигај“ на ДПМ за поетесата Билјана Станковска

Поетесата Билјана Станковска годинава е добитничка на плакетата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за нејзината стихозбирка „Пукнатина во светлината“.

Плакетата се доделува на писателка членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година.

ДПМ соопшти дека селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува дека поетската книга на Станковска е составена од 31 песна обединети во три мотивско-тематски структурирани циклуси – „Одблесоци“, „Пукнатини“ и „Длабочини“ кои, како што наведува, функционираат како цврсто конципирана творечка целина.

– Низ нив, во стилски беспрекорни песни, таа ја воспева, ја дише и ја болува светлината во сите нејзини појавни облици и еманации – и во природата и во човековата душа – со што оваа книга израснува во своевиден календар на светлината, пишува во образложението,

ДПМ соопшти дека плакетата на Станковска ќе ѝ биде  врачена свечено по надминувањето на кризната состојба предизвикана од КОВИД-19

Back to top button
Close