Планинарите на „Ујмири” од Кичево го освоија врв на Арарат во Турција

Експедицијата на Здружението на планинари од кичевско „Ујмири“, успешно го заврши следниот предизвик. Тие успеаја да го освојат врвот на планината Арарат во Турција, кој е на надморска височина од 5.137 метри.
-За среќа, сите членови на експедицијата кои беа во овој предизвик се чувствуваат добро и нормално сме среќни што ние како новоформирано здружение успеавме без многу искуство да го освоиме или подобро да кажеме да се искачиме на највисокиот врв Арарат кој е на надморска височина од 5.137 метри и кој е највисокиот врв во Турција. Ова е навистина неописливо чувство. Има навистина зачудувачки и уникатен поглед, вели Лулзим Мехмеди, еден од членовите на Здружението на планинари „Ујмири“ од Кичево.
Тој е еден од носителите на овој најголем успех на ова кичевското здружение.






