Плановите се од следната седница пратениците да се вратат во редовната сала
– Имајќи предвид дека пратениците и службите во Собранието се вакцинирани и со втора доза, плановите се од наредната седница да бидеме во редовната сала, Сала 1, информира денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.
Додава дека на тоа ќе претходи мислење и оценка од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
– Таа сала би се отворила и за новинарите, но се зависи од тоа кој ќе биде ставот на државната здравствена комисија, рече Џафери.