Плејоф Лига Европа: Шкендија елиминирана по продолженија во Разград
Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Разград од Лудогорец со 4:1 (2:1, 2:0) по продолженија и со вкупен резултат од 5:3 претрпеа елиминација од Лига Европа со што настапите на европската сцена ќе ги продолжи во Конференциската лига.
Македонскиот првак конфузно го отвори реванш натпреварот од плејофот во Лига Европа што бугарскиот тим максимално го искористи и веќе на средина од првото полувреме успеа да ја надомести негативата од 1-2 од првиот натпревар во Скопје.
Куртулус го доведе Лудогорец во водство во 9 минута, а Чочев во 24 минута биеше прецизно за 2-0.
Шкендија тргна офанзивно во вториот дел и со голот на Тамба во 64 минута го однесе натпреварот во продолженија.
Сепак, Лудогорец ја врати предноста во вкупниот резултат со голот на Текпетеј во 98 минута, а точка на елиминацијата на Шкендија од Лига Европа стави Бајл во судиското продолжение на второто продолжение.
Шкендија ќе ги продолжи настапите во Конференциската лига, а противниците ќе ги дознае на утрешната жрепка во Монако.