Племенското собрание во Авганистан одобро ослободување 400 талибанци од затвори

 Лоја Џирга, големо собрание на племенски старешини на авганистанскиот народ, кое брои околу 3.000 делегати, денеска донесе одлука да ослободи 400 од талибанските борци од затвор.

Со тоа се отвора патот за почеток на мировните преговори во Авганистан, се вели во соопштението на тоа тело.

Авганистанската Влада ја свика Лоја Џирга во Кабул во петокот да донесе одлука за судбината на стотици притвореници на талибанците, чие ослободување го условуваа од движењето талибанците за да започнат мировни преговори со Владата.

Back to top button
Close