Пленковиќ: Не е прашање дали, туку кога Хрватска ќе ја признае Палестина
Прашањето не е дали Хрватска ќе ја признае Палестина, туку кога ќе го стори тоа, рече премиерот Андреј Пленковиќ, додавајќи дека неодамнешните признавања од други земји не резултираа со посилен притисок кон прекин на огнот.
Единственото можно, долгорочно и реално решение е решение со две држави, повтори премиерот во Сплит, но нагласи дека во пракса сè уште не се исполнети условите за тоа да се случи.
Пленковиќ рече дека го следел говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации, кој покажа дека не успеал натамошниот политички притисок преку еднострано признавање на Палестина, што требаше да послужи за постигнување примирје и договор.
Франција, Австралија и Велика Британија се последните големи земји што ја признаа Палестина на на ГС на ОН.
Пленковиќ рече дека прашањето за хрватското признавање не е прашање на „да“ или „не’“, туку кога.
Тој додаде дека Хрватска разговара за мирот на Блискиот Исток со различни страни, што вклучува покана до палестинскиот министер за надворешни работи да биде гостин на конференцијата на хрватските амбасадори, посетата на израелскиот шеф на дипломатијата на Загреб или официјалните патувања на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман на Јордан и Сирија.