Пленковиќ: Нема сознанија за специјална војна против Хрватска

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека нема никакви сознанија дека африканската свинска чума е резултат на специјална војна против Хрватска.

Министерот за земјоделство на Хрватска, Давид Влајчиќ, во вторникот пред новинарите во Осјек изјави дека не може да ја исклучи тезата дека против Хрватска се води „специјална војна“ со африканската свинска чума.

Тој рече дека во Хрватска таа болест била ставена под контрола од 2023 година, а дека „жаришта на заразата оваа година се создадоа во Србија каде што болеста брзо се ширеше, а потоа кај нас се појавуваат точкасти жаришта“.

– Сами заклучете. Ништо не сакам да исклучам, рече Влајчиќ.

Пленковиќ денеска на новинарско прашање за тврдењата на коалициските партнери во Владата од десничарското Татковинско движење, одговори дека „немаме никакви сознанија ниту докази дека се работи за каква било специјална војна“, пренесе хрватската телевизија Н1.

По отворањето на новата делница од тунелот Учка, Пленковиќ во изјава за новинарите потсети дека Хрватска и пред две години се соочувала со проблемот на африканската свинска чума.

– Ќе имаме координациски состанок на сите ресори за да помогнеме на напорите на Министерството (за земјоделство), на луѓето на теренот, за да го ограничиме и сузбиеме ширењето на болеста, нагласи Пленковиќ, кој е и претседател на владејачката Хрватска демократска заедница.

Тој рече дека појавата на африканската свинска чума не претставува загрозување на националната безбедност.

Хрватскиот премиер нагласи дека поради појавата на африканската свинска чума не треба да се поведува некаква истрага за „специјална војна“, бидејќи тогаш истрагата можела да биде иницирана и пред две години кога ја имало таа болест.

Пленковиќ укажа дека вирусот постои и во соседните земји и заклучи дека на сите фарми треба да се подигне нивото на био-безбеднос

Back to top button
Close