Пленковиќ: Нема време за чекање, се е веќе јасно

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер, Андреј Пленковиќ, ден по парламентарните избори изјави дека Хрватска нема време да  чека и што е можно побрзо треба да се формираат парламентот и новата влада.

Во изјава за телевизијата N1, Пленковиќ потврди дека веќе разговарал со партнерите со кои ХДЗ соработуваше во владата во заминување.

-Постои подготвеност да продолжиме со соработката. Тоа беше прелиминарна консултација, тоа не е фиксен договор на парламентарното мнозинство. Имаме 76 загарантирани потписи. Ние прво ќе ги анализираме работите, но работите се јасни, рече Пленковиќ.

Според се уште неофицијалните изборни резултати, ХДЗ освои 66 места во новиот состав на хрватскиот Парламент.

Back to top button
Close