Пленковиќ: Новото кинеско оружје на Србија е прашање за НАТО

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ предупреди дека новото оружје на српската армија претставува прашање за НАТО.
Тој зборуваше за кинеската балистичка ракета CM-400, која веќе е дел од српскиот воен арсенал.
Такво оружје никогаш не е видено на европска територија – изјави Пленковиќ.
Тој најави дека Хрватска ќе ги информира партнерите во НАТО за новото оружје што се појавува во регионот.
-Ќе разговараме со нашите партнери во НАТО алијансата и ќе ги предупредиме за ваквото оружје, кое е ново во арсеналот на српските вооружени сили – рече хрватскиот премиер.
Српскиот претседател Александар Вучиќ веднаш реагираше на изјавите од Пленковиќ.
-Загреб нема да одлучува што Србија смее да има – изјави Вучиќ.
Според него, Србија нема намера да нападне земји од НАТО.






