ПМФЛ: Башкими триумфираше над Пелистер во Битола

Фудбалерите на Башкими го совладаа попладнево Пелистер на гостувањето во Битола со 2-1 во завршниот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Босанскиот интернационалец Хаџиќ со два гола во 8 и 19 минута му донесе водство на кумановскиот прволигаш, а Спировски го постави конечниот резултат во 65 минута, откако претходно Пелистер не реализираше пенал преку Ристевски во 55 минута.

Со денешниот триумф, Башкими се искачи на петтото место на табелата, а Пелистер го нанижа четвртиот пораз.

ПМФЛ: 7 коло

Пелистер – Башкими 1-2

АП Брера – Арсими 2-1 (понеделник)

Силекс – Струга 1-3 (понеделник)

Вардар – Работнички 3-1 (недела)

Шкендија – Тиквеш 1-0 (недела)

Шкупи – Македонија ЃП 0-2 (сабота)

Табела: Струга 19, Вардар 19, Силекс 15, Шкендија 14 (-1), Башкими 13, Македонија ЃП 9, АП Брера 8, Пелистер 6, Арсими 6, Тиквеш 5, Работнички 4, Шкупи 0.

Back to top button
Close