ПМФЛ: Струга го совлада Работнички

Фудбалерите на Струга ТЛ го совладаа попладнево Работнички на домашен терен со 2-0 во воведниот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со својата трета сезонска победа Струга дојде со головите на Кампаоре (45+1, пенал) и Малески (90+4)

Во вториот натпревар Вардар вечерва од 20 часот ја пречекува струмичка АП Брера.

Силекс во Кратово утре е домаќин на Македонија ЃП, додека актуелниот шампион Шкендија в недела во Тетово ќе игра против Арсими.

Третото прволигашко коло ќе биде комплетирано в понеделник со пресметките меѓу Башкими – Тиквеш и Пелистер – Шкупи, натпревар кој ќе се игра во Кавадарци

Back to top button
Close