ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш

Фудбалерите на Струга Трим Лум го совладаа попладнево Тиквеш со 3-1 на домашен терен во последниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Во натпревар со по еден црвен картон на двете страни, актуелниот шампион ја забележа втората победа сезонава со головите на Марјан Радески (15 минута) и двојниот стрелец Агим Ибраими (21 пенал, 31), кој можеше да постигне хет-трик, но беше непрецизен од белата точка во 63 минута. Почесниот гол за Тиквеш го постигна Џемал Ибиши (37).
Претходно во саботата се одиграа пет натпревари од прволигашкото коло во кое првата сезонска победа ја забележа Вардар, а водечките Шкендија и Брера Струмица освоија по бод.
Резултати, 6. коло:
Струга – Тиквеш 3-1
Брера Струмица – Работнички 0-0
Гостивар – Силекс 1-2
Шкендија – Шкупи 0-0
Вардар – Македонија Ѓорче Петров 2-1
Воска – Брегалница 2-0.
Табела: Шкендија 13, Брера Струмица 13, Силекс 9, Шкупи 9, Брегалница 9, Тиквеш 7, Воска 7, Работнички 7, Струга 6, Македонија ЃП 5, Вардар 4, Гостивар 3.






