По 104 часа затрупана под урната зграда од земјотресот во Турција, жена изведена жива

Спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на зграда во Турција, што предизвика овации од присутните, бидејќи поминала 104 часа под урнатините од земјотрес што предизвика голем број жртви и уништување низ целиот регион, пренесува Ројтерс.

„Сега верувам во чуда“, рече водачот на спасувачкиот тим Стивен Баер, откако екипите внимателно ја подигнаа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки покрај скршени бетонски блокови и искривен метал во амбулантно возило во градот Кирихан.

Back to top button
Close