По 2 Август и интервјуто на премиерот за “Фокус”: Ако опозицијата сака средба со Вучиќ, нема потреба од посредништво од Мицкоски и Давкова. А не ни треба ниту едното ниту другото

.
1. Партиско-коморскиот интерес ги тера Мицкоски, Давкова, Димитриевски и ВЛЕН-ци да водат владини политики од транспортен, економски и културен интерес на етно-просторната целина на Република Србија и БиХ ентитетот Република Српска. Овие интереси начелно се наведени во Декларацијата на Сесрпскиот собор од 8 јуни годинава, поконкретно во точката 47.
Собор за кој ретко кој медиум на македонски јазик јави, а за усвоеното и да не зборуваме.
Мицкоски и Давкова под надзор на Димитриевски и Стоиљковиќ сметаат дека избегнувањето на завршувањето на Коридорот 8, обидот за замена на европските со кинески пари преку унгарски банки и автоблокадата на евро-преговорите е доволно за Северна Македонија:
– да се одвои од Албанија во ЕУ-преговорите
– да го прекине паневропскиот економско-транспортно-безбедносен коридор кој го поврзува Јонското со Црното море и Босфорот.
2. Национален интерес е опозицијата да се спротивстави на оваа политика на Владата на Мицкоски и да ја води Северна Македонија во европскиот, а не во српскиот свет.
Ова е причината зошто Мицкоски во интервјуто за “Фокус” го “кара” лидерот на СДСМ: Филипче, несреќавајќи се со него – одбива договор за помирување на криминалот, одбива црнолисташите да ја кројат северномакедонската политика, економија и енергетика и – ја демаскира антиевропската и – антимакедонска политика на Владата.
3. Држењето дистанца на опозицијата од етно-партиско “единство” под команда на Белград и посредство на Белата палата – е основа за остварување на македонскиот етнички и националниот интерес на Северна Македонија.
Воскликот на Давкова при посетата на “Св. Прохор Пчињски” кога од “…едната страна гледа Срби, од другата страна гледа Срби, Македонци… ако воопшто има страна” беше само фројдовско признание дека ова државно раководство, секогаш така цврсто по прашањето на суверенитетот во однос на Грција, Бугарија, Албанија и Косово – всушност жали што има граница со Србија.
ВМРО-ДПМНЕ не сака да признае ниту пред членството, а камоли пред Македонците дека граници нема во – ЕУ. Со која не сака да започне преговори и за таа цел не го спроведува Дополнителниот протокол.
Ова национално предавство Мицкоски го премолча на празниот Мечкин Камен вчера.
4. Затоа, на констатацијата на Мицкоски во интервјуто за Фокус: “…Откако беше избран, логично беше да се претстави пред авторитетите на државата, како што тоа го направив јас во јануари 2018 година. Да побара средба кај претседателката (Гордана Сиљановска-Давкова), кај мене како премиер”… препорачливо е Филипче да го потсети дека:
А) ако сака да се сретне со Вучиќ или со Орбан, за тоа ќе ги контактира нивните кабинети и не му требаат посредници.
Б) ако Мицкоски е подготвен да ги стави уставните дополнувања, Законот за примена на рестриктивни мерки или новите раководства на МРТВ и ААВМУ на усвојување, тоа опозицијата (во Собранието) го поздравува. Не само Македонците, туку и Албанците, Турците… и сите останати.
Ивон Величковски

Back to top button
Close