По 23 октомври следува уште еден продолжен викенд, последен за оваа година

По продолжениот викенд по повод Денот на народното востание – 11 Октомври, граѓаните ги очекува уште еден тридневен одмор во октомври, а до крајот на годината остануваат уште два неработни дена за сите граѓани.
Бидејќи 11 Октомври годинава се падна во недела, денешниот понеделник, 12 октомври, е неработен ден, со што празнувањето е продолжено за еден ден.
Следниот неработен ден е 23 октомври, петок, кога се одбележува Денот на македонската револуционерна борба. Со оглед на тоа што празникот се надоврзува на саботата и неделата, граѓаните повторно ќе имаат можност за продолжен викенд.
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“. Овој датум годинава се паѓа во вторник, објави Скопје1.мк






