По 27 години укината забраната за странски голмани во Јужна Кореја
Клубовите од јужнокорејската фудбалска „К-лига“ ќе можат да регистрираат странски голмани за прв пат по 27 години, објави денеска раководството на лигата.
Лигата им забрани на клубовите да регистрираат странски голмани во 1999 година со цел да се обезбеди развој на домашните таленти.
При воведувањето на забраната јужнокорејската лига броеше осум екипи, а во меѓувреме се зголеми на 12.
„Бројот на клубови значително се зголеми откако е воведено ограничувањето за странски голмани, и дури и да им се дозволи регистрација на странските голмани, домашните голмани, сепак, би имале доволно можности да играат, се вели во соопштението.
Во моментов во елитната јужнокорејска фудбалска лига настапуваат 58 странски фудбалери, што е околу 12 проценти од вкупниот број играчи во лигата.