По 3.500 евра минус на секоја операција: „Жан Митрев“ бара финансиска ревизија на ФЗОМ

Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопшти дека со секоја операција што ја прават на осигурениците на Фондот, тие се во проек во загуба од по 3.500 евра за операција или само лани загубата од работата со Фондот за здравствено осигурување е повеќе од четири милиони евра. Оваа загуба се дополнува со средствата остварени од приватни пациенти, се вели во соопштението на клиниката.
„Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале. Клиниката бара да дојдат претставниците на надлежните финансиски институции и да утврдат дали е можно да се прави ‘бизнис’, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување“, соопшти клиниката „Жан Митрев“.






