По бркотница кај Демир Капија: Возачот избегал, во „аудито“ пронајдени десет Индијци

Кај Прждевски надвозник „аудиото“ удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал

Вистинска драма се случувала синоќа пред полноќ кај Демир Капија, кога полицијата се обидела да запре „ауди“, но тоа не застанало. Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес, Верољуб Додевски, пренесува МИА, на крај, возачот избегал, а во возилото биле пронајдени десетмина мигранти.

„Синоќа околу 23:20 часот кај Градско во правец кон Гевгелија, полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило ‘ауди’, со скопски регистарски ознаки, кое не застанало, туку ја зголемило брзината. Кај Прждевски надвозник удрило во службеното возило и запрело, а возачот избегал. Во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Индија, кои се префрлени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија“, вели Додевски.

Извршен е увид од екипа од Полициската станица Неготино и јавен обвинител, по чии насоки возилото е обезбедено.

Back to top button
Close