По денешниот топол пролетен ден, утрешната ноќ ни носи заладување
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден вторник 7 април 2026 во Македонија останува времето да биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Денес повремено ќе засилува ветер во западните предели од западен а во источните предели од северозападен правец. Максималните температури во Македонија денес ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината денес максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 23 степени.
Утре среда 8 април 2026 особено рано наутро и во претпладневните часови особено во северните предели ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе провејува снег. Исто така утре среда 8 април 2026 особено во Повардарието и во источните предели ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Утрешната ноќ кон четврток 9 април 2026 ни носи поголемо заладување и продор на ладен воздух од север па утрото во четврток 9 април 2026 ни носи намалување на облачноста и значително поладно време па така тоа утро минималните температури во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени па така тоа утро особено на повисоките населени места и на планините очекувам појава и на слаб мраз и на слана. Во Скопје и околината во четврток 9 април 2026 наутро минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени






